Ѕверот и убавиците, Sony Alpha a99 II во друштво на Sigma 24-105 F4, Sigma 35mm f1,4 ART, Sigma 50mm f1,4 ART

Sony Alpha a99 II и Sigma 24-105 F4 Спремен за акција

Кога ми понудија да го земам на тестирање новиот Sony Alpha 99 mark II заедно со овие 3 објективи кои ги собраа сите можни награди за квалитет и беа прогласени за објектив на годината за 2012 и 2014 година, не ми требаше многу да размислувам.

Сензорот е од најновата генерација со 42.4 megapixel и е од групата сензори 35mm BSI CMOS. Овој сензор го користи и Sony Alpha A7R Mark II.

За разлика од другите апарати , овој апарат има 5 оскина стабилизација на сликата на самиот сензор, што мене лично многу ме интересираше како ке се однесува на терен, бидејки со некои од апаратите на другите производители поради големата резолуција имаше проблеми со оштрината на фотографијата.

"Steady Shot" во менито

Инжењерите од  Sony, во менито, стабилизацијата на слика ја крстиле “Steady Shot” што малку ме намачи додека да го најдам. Со оваа опција сите објективи без разлика нови или стари добиваат стабилизација на сликата, што претставува предност доколку веќе имате објективи од Минолта или друг производител кои одговараат на “Alpha A-mount”.           

Систем на фиксно пропустливо огледало

Sony A99 mark II е апарат кој користи систем на фиксно светлосно пропусливо огледало (1), кое еден мал дел од светлината ја насочува кон сензотор за фокусирање (2), а другиот дел го пропушта кон главниот сензор. Загубата во светлина е минимална и  неприметна. Поради ова овој апарат е во можност да снима 12 фотографии во секунда со резолуција од 42 Мр/ RAW  што го прави вистински ЅВЕР во групата на апарати со голем сензор. Дури и новиот Nikon D850 може да снима максимално 9 фотографии во секунда, но со дополнителен држач за батерии и поголема батерија кои како комбинација чинат дополнителни 550 УСД.

комбиниран систем на фокусирање

Поради политиката на Sony  за заштита на своите објективи, во овој тест не бев во можност да го испробам системот за фокусирање од 399 точки на самиот сензор за фотографирање, но мислам дека и со 79-те точки на сензорот за фокусирање ке можам да се снајдам, со оглед на тоа дека кога го купив првиот ДСЛР апарат тој имаше само 9 точки на фокусирање.

На следниов линк од ги имате сите технички детали на апаратот , па слободно проверете што се има https://www.sony.com/electronics/interchangeable-lens-cameras/ilca-99m2/specifications

Охридско утро

И тргнав на тестирање, каде ако не во Охрид. Бидејки сакам да ги фотографирам најбрзите нешта кои се движат на земјава, а тоа се децата и автомобилите, немаше подобар тест од сликање на мојот 7 годишен син Бодан, кој и кога е на едно место потскокнува. Како објектив за секоја ситуација на апаратот го наместив Sigma 24-105 F4 кој ми е добро познат, бидејки го имам за мојот NIKON D750, кој во оваа верзија за Сони нема оптички стабилизатор бидејки апаратот веке поседува стабилизатор на самиот сензор.

ЛЦД екран и vjuvajnder

За композиција може да се користи електронскиот "Viewfinder" , или ЛЦД екранот кој е подвижен и може да се намести во било која позиција, со што се добива голема флексибилност, а сето ова го олеснува сензорот кој кога ке го приближите окото до апаратот автоматски го исклучува екранот и вие сцената ја гледате на електронскиот "Viewfinder".

Трчање кон апаратот

На тестот на трчање кон апаратот од 29 фотографии и фокус наместен на широко покривање и континуирано следење на објектот-Бодан, 5 фотографии  не беа во фокус, 2 беа употребливи но фокусот  наместо на очите беше на ушињата, а другите 22 беа одлични. 

            На тестот на оддалечување од апаратот од 36 фотографии 8 не беа во фокус, 6 беа употребливи, а 22 беа во фокус.

И тестот на паралелно следење на објект во движење (панирање) беше доста успешен, од 14 фотографии на глисерот, 10 се одлични а 4 не се во фокус.

Што значи дека во трите случаи сме добиле одлични фотографии кои можеме да ги искористиме за нас и нашите клиенти. Да не заборавиме дека добиваме фајлови во ARW формат (дигитален негатив) на кои можеме да ги корегираме осветленост, баланс на бело и многу други сетирања со што сме посигурни дека ке добиеме најдобар  JPG фајл. Ова е се постигнато со објектив кој ги користи САМО 79-те точки на сензорот за фокусирање.

            Приметив дека обично првите и крајните фотографии не се во фокус, веројатно за првите му треба време на апаратот да го открие предметот на интерес па потоа неговата логика ги прати параметрите на движењета и го сетира фокусот. Во секој случај ова пред некоја година беше незамисливо, јас бев среќен ако од 10 фотографии имав 4 во фокус.

Буба марата од Градско

Со најдобриот објектив од Сигма по мене , a според наградите кои ги доби признаен и од другите,  Sigma 50mm f1,4 ART влегов во едно житно поле по стариот пат накај Градско, и таму ја сликав буба марата како се качува и шета по класјето, од 14 фотографии сликани од рака одбрав 2 најдобри една хоризонтална друга вертикална. Условите за сликање беа тешки бидејки ветер го нишаше класјето, а бубамарата се движеше по него. Фокусот беше наместен на зонско покривање ,а логиката на апаратот се мачеше и мислам дека доколку имаше екран осетлив на допир, тогаш ке можеше полесно да фокусира апаратот. Една да ја наречам мана е тоа што точките за фокусот се со сива боја, поради тоа понекогаш не се гледа точно во кој дел од сцената фокусираме се до моментот на фокусирање кога засветуваат со црвена боја.

Собир на олдтајмери

Отидов да го покријам собирот на автомобилски ентузијасти и љубители на стари автомобили , но со мене за секој случај го понесов и блицот од  Sony SpeedLight HVL-F60M. Повторно без никаков проблем со голема леснотија се си изработи одлично. Поради големите фајлови од 7952х5304 пиксели, лесно се кропираат детали чија најголема страна изнесува 1300 пиксели,а оваа резолуција  ја користиме за потребите на веб изданието на www.24auto.mk

За тестот на видеото од 4К кое е неверојатно добро, на каналот на PopPhotoMk на YouTube  ќе може да го прегледате краткото видео кое е снимано на концертот на прославата на ПроКредит Банка, со делови од огномет и житното поле во Градско.

https://youtu.be/pR8RtXEGmaM

Автоматски и мануелен фокус

Кога се користи функција снимање видео со автоматски фокус, тогаш блендата е ограничена на Ф3,5, кај мене беше на Ф4 бидејки тоа е најмалата бленда на  Sigma 24-105 F4, не можеш да бираш фокусни точки и не си во можност ништо друго да правиш освен да снимаш, ауто фокусот си работи сам но понекогаш и знае да погреши.Овој начин на снимање не верувам дека некој ке го користи , бидејки е нефлексибилен и се чудам зашто е така.

облежување на поле на фокус

За да си сигурен при снимање на видео со мануелен фокус дека се е во фокус тука е и опцијата за обележување на местото во фокус (peaking color) со црвена, жолта или бела боја.

Со овој апарат кога снима видео на целиот сензор се добива многу мека и заматена позадина, поготово со објективи со отвор на бленда Ф1.4 како што се , Sigma 35mm f1,4 ART и Sigma 50mm f1,4 ART . Овој ефект може да го приметите на фотографијата со Буба марата.

Разлика на сцената снимена од цел сензор и APS-C/SUPER 35mm

Многу интересна опција е можноста на снимање на APS-C/SUPER 35mm,  со што апаратот почнува да функционира како апарат со мал сензор, а објективите кои ги имате стануваат за 1,5 поголеми односно со 105мм добивате 160мм. Во овој начин на снимање видеото во резолуција од 4К по квалитет ги надминува сите конкуренти и нуди професионален квалитет како никој друг апарат во негова класа. Снимањето во  APS-C/SUPER 35mm на видео фајловите нема никаква промена, но кај фотографиите тие од 43 Mp се намалуваат на 18 Mp , ова е битно да не се заборави ако сликате реклама за билборд. Но да не заборавиме и дека за видео добиваме 6 објективи  од постоечките 3.

разни приклучоци, задниот панел и слотот за картици

Овој апарат е деклариран како професионален апарат за снимање видео, ова е поради следниве работи кои се многу битни за секоја професионална продукција, телото е изработено од магнезиум и е заштитено од временски непогоди.Место за две мемориски картици, Можноста за снимање на надворешен диск на некомпресирано видео , снимање со профили на слика (PICTURE PROFILE S-Log2, S-Log3 ..), аудио излез за слушалки за контрола на звукот, опции за снимање на видео во “slow motion” од 120 f/s и “fast motion” со 1 f/s.......... и уште многу додатоци кои јас за жал ги немав на располагање, но може да се нарачаат преку ПиксПлус.

Опциите за поврзување со компјутер и мобилен телефон се тука и се стандардни како кај сите други модели на Сони. Да го спомнеме и програмскиот пакет за сликање преку компјутер како и едитирање и конвертирање на фајловите од Sony ”Imaging edge” кој може да го симнете на овој линк https://support.d-imaging.sony.co.jp/app/imagingedge/en/download/

Ѕверот и убавиците

Да скратам за крај, овој апарат не е 100% совршен, но не е ни никој друг, за да извлечете максимум од можностите на оваа камера како и поради големиот број на опции на снимање и фотографирање бара здраво седнување и проучување на упатството за користење, како и прегледување на некои туторијали на Youtube. Овoј апарат со овие 3 објективи и дополнителен блиц ке ви овозможи вашата креативност да ја прикажете во максимално квалитетни фотографии и видеа. Ако снимате свадби, комерцијални видеа, реклами или спотови со квалитетот на видеата произведни од овој апарат нема да мора да размислувате за промена на опремата во следните неколку години. Предност е и тоа што на пазарот на користена опрема може да се најдат доста ефтини објективи од Минолта со кои само ке ја проширите вашата креативност. На моја голема жал, дојде време за разделба од овој ѕвер и убавиците, но ке останат добрите фотографии и видеа кои ги направив со него а кои може да ги прегледате на

https://www.facebook.com/popphotomk/

и нормално линковите до страната на “PixPlus”

http://www.pixplus.com.mk/sony-alpha-a99-dslr-camera-body-only.html

http://www.pixplus.com.mk/sony-speedlight-hvl-f60m.html

http://www.pixplus.com.mk/photography/lenses/sigma-35mm-f-1-4-dg-hsm-art-for-sony.html

http://www.pixplus.com.mk/photography/lenses/sigma-50mm-f1-4-dg-hsm-art-for-pentax.html

http://www.pixplus.com.mk/photography/lenses/sigma-24-105mm-f-4-dg-hsm-art-for-sony.html

http://www.pixplus.com.mk/hahnel-mk200-pro-microphone.html

На целиот овој пакет по повод новогодишните празници ПиксПлус има голем попуст, за повеќе информации може да се јавите или да го посетите салонот кој се наоѓа во трговскиот Беверли Хилс во Капиштец.
Среќни празници и
Среќна Нова 2018 година

Орце Поповски