Марко Тодоровски на кеј покрај Вардар

Sony α9 , вистинска конкуренција на двајцата ГОЛЕМИ

текст и фотографија Орце Поповски,

Sony A9 & Sony FE 70-200mm f/4 G OSS

Откако се појавија со првите апарати без системот за огледало  (Mirrorless), Сони ја размрдаа светската сцената,  но им го нарушија и комодитетот на Никон и Канон кои беа неприкосновени лидери односно главни фраери кои диктираа се. Јас како и сите други малку со недоверба ја читав спецификацијата на Sony α9, а кога дојде во Пикс Плус, мораше и да го испробам во реални услови. Мојата реакција на дружбата со Sony α9 е објаснета во насловот.

механичкиот механизам на завесата

Еден од главните проблеми на конвенционалните апарати е механичкиот механизам на завесата (shutter) кој служи за одредување на времето на осветлување на сензорот, а кој механизам е наследен од ерата на филмот. Овој механизам се уште е во употреба бидејки е поефтин  да се изработи за разлика од целосно електронскиот систем на осветлување на сензорот, но ова важеше се до појавувањето на Sony α9.

Улогите кај Sony α9 се сменети, примарен е електронскиот, а за да го користите механичкиот систем мора да го вклучите преку менито, или да го наместите на опцијата "ауто". Електронскиот "Shutter" е со брзина од неверојатни 1/32,000 дел од секунда, што значи може да замрзне се во движење, Јас фотографирав постојано со електронскиот систем.

СЕНДВИЧ технологија

Кај овој апарат се користи сензор од најновата генерација со таканаречената СЕНДВИЧ технологија, каде најбитните компоненти се споени во една целина. Најпрово е сензорот со 24 –мегапиксели (1), веднаш позади него е супербрзиот процесор за обработка на податоците (3) кои пристигнуваат до него по две магистрали, со што двојно се зголемува брзината на исчитување и се елиминира искривувањето на правите објекти- Shutter lag , големата вградена супер-брза меморија-БАФЕР  (2) ги складира локално информациите кои ги проследува на процесорот за обработка на фотографиите (4). Се ова како функционира може да видите на следниов линк од Сони

https://www.youtube.com/watch?v=6Q-nzcf8Pkw&feature=youtu.be

Претпоставувам дека се користат 24-мегапиксели поради количината на податоци кои се генерираат со 20 фотографии в секунда, а реално од мое лично искуство ние со Nikon D700 кој има 12 Мп. работевме секојдневно и се правеа насловни страници на некогаш најдобриот фамилијарен магазин Теа Модерна.

Кај овој апарат главни адути во однос на конкуренцијата се.

  1. 1. Брзина на фотографирање од 20 фотографии во секунда
  2. 2. Хибридниот фокус со "693 phase detection" точки кои покриваат 93% од сензорот и кој проверува 60 пати во секунда дали е се каде што треба, а финото подесување го врши преку системот за контраст
  3. 3. Континуирано фотографирањео од 241 компресирани (ROW) фајлови или 362  JPEG, ако ви треба повеќе - купете си камера.
  4. 4. “OLED viewfinder” кој нема затемнувања при фотографирање и работи   на 120 Hz

Да се разбереме има и многу други новитети но за мене ови 4 се главните.

Споредба на апарати

Веднаш по отварањето се приметува дека за разлика од серија 7, овој апарат е малку поголем и подобро лежи на рака и батеријата физички е поголема. Бидејки имав прилика да поседувам Сони апарат се ми е познато, но подобро средено и подостапо благодарение на горните кружни преклопници и копчиња. Како придружници на овој апарат ги земав Sony FE 24-70mm f/2.8 GM , Sony SpeedLight HVL-F60M, Sony FE 70-200mm f/4 G OSS. Бидејки овој апарат е наменет за професионалните фоторепортери мораше да се наоружам и со тешка артилерија а за тоа беа задолжени Sigma MC-11 Mount Converter  со мојата познаничка Sigma 100-400mm f/5-6.3 DG OS HSM C  и Sigma 150-600mm F5-6.3 DG OS HSM Sport која поради големината не ја носев постојано но за верскиот празник Водици ја носев со мене и не жалам зашто вредеше.

Кружна трка Скопје 2017

            За ваков апарат мора да се фотографира нешто многу брзо за среќа после повеке години во Скопје се одржуваше кружната трка пред МРТВ. Наоружан и спремен со САМО 3 објективи Sony FE 24-70mm f/2.8 GM, FE 70-200mm f/4 G OSS и Sigma 100-400mm f/5-6.3 DG OS HSM C тргнав кон местото на настанот.

Интонирање на Македонската химна

Атмосверата веднаш ме понесе, за почеток на трката на интонирање на Македонската химна го искористив 24-70 и опцијата за фокусирање во око, која кај овој апарат работи беспрекорно и можам да кажам дека е 99% точна, тие 1% се случија кога фокусирав на човек кој носеше металик наочари а рефлексијата од рамката го мамеше сензорот.

Кружна трка Скопје 2017

Во карактеристиките за системот за фокусирање напишани на хартија брзо се уверив дека се вистина, ни најбрзата формула на трката не можеше да избега од фокус, следењето на објектот кога се движи  кон или кога се оддалечува од фотографот е беспрекорно, и панирањето е одлично. Кога системот ке фокусира на објектот не го испушта до крајот на фотографирањето, можно е да има лоши фотографии на самиот почеток но потоа се се одвива без никакви проблеми. Најдобри резултати добив со опцијата со фокусни зони и флексибилна фокусна точка, односно му олеснив на апаратот со тоа што не ги користеше сите 693 фокусни точки.

Кружна трка Скопје 2017

Дури и 60те пресметки во секунда на фокусот се покажаа како точни со фотографирањето на автомобилите кои се движеа кон апаратот, сакав автомобилот да е во фокус а околината заматена што е доста комлицирано за системот за фокусирање , не се беше ОК што значи и при процесот на фотографирање фокусот го прател објектот.

На трката сите 3 објективи беспрекорно си ја извршија работата, најискористен беше 70-200 Ф4. Со 20 фотографии во секунда поголеми се шансите да имате повеќе добри фотографии од другите апарати, но мислам дека нема да го користите ова постојано поради количината на материјал кој ке треба да го средувате.

сите албуми од трките и квалификациите може да ги видете на следниве линкови на фејсбук

https://www.facebook.com/pg/popphotomk/photos/?tab=album&album_id=635596523494587

https://www.facebook.com/pg/popphotomk/photos/?tab=album&album_id=635599900160916

Споредба на фотографии со блиц и без блиц

Бидејки најтешките услови на фотографирање овој апарат за мене ги помина, решив да сликам нешто помирно. За таа цел направивме една фотосесија со познатиот атлета Марко Тодоровски покрај Вардар на справите за вежбање.За да ги омекнам сенките од силното сонце го користев како дополнително светло "Phottix Indra 500 Battery Studio Light" кој за разлика од другите блицеви има можност за синхронизација со апаратот до 1/8000 секунда.

Марко Тодоровски покрај Вардар

За фотографирање на луѓе јас го користам зонското фокусирање и фокусот во око, на овој начин системот има помала површина за контролирање, а со фокусирањето во око точно се фокусира на очите на моделот. Згодна опција е и можноста за меморирање на лице, на овој начин ги сликате најбитните гости на вечерта зетот и невестата, главниот играч, премиерот или претседателот и ги меморирате во апаратот. Скоро секогаш кога ке фотографирате поголема група на луѓе во која се и главните ѕвезди фокусот ке биде на нив.

опција за меморирање на лице

За секој случај се спремив за фотографирње на Водици, каде благодарение на одличното време и место кое го одбрав , бев во можност да направам одлични фотографии од целиот настан, но вистинскиот тест беше трката за крстот. Од тие моменти се најексплозивните фотографии полни со енергија и движење, а системот на фокусирање не беше измамен ни во еден момент. Дека зборувам вистина може да се уверите лично на следниве линкови.

Даниел Дончевски,Водици 2018, Скопје

https://www.facebook.com/pg/popphotomk/photos/?tab=album&album_id=684393425281563

https://www.facebook.com/pg/popphotomk/photos/?tab=album&album_id=684659885254917

Овој апарат од Sony е наменет првенствено за фотографирање и затоа кај него ги нема професионалните профили за снимање на видео. Тоа не значи дека видото е лошо напротив тоа е 6К видео кое е симнато на 4К, а со тоа деталите и оштрината на сликата се одлични. Опција за следење на објектот со ауто фокус во поголемиот дел од ситуациите работи одлично но понекогаш знае да се збуни, е сега да бидам искрен го користев на 600мм од рака за снимање на птици во лет, ама проблемот е што јас немам никакво искуство за сликање и снимање на птици, обично ги конзумирам.

NASLOV

Поради изведбата на сензорот така наречениот " Rolling shutter" не може да се примети воопшто бидејки исчитувањето се врши оддеднаш од повеке делови на сензорот. Ова значи дека освен фотографии од настани каде брзината е битна ке можете да направите и одлични видеа.

Збунувачки момент имав повторно со опцијата за тивко фотографирање и со користење на електронскиот екран за кадрирање (electronic viewfinder), морав да проверувам дали навистина сум фотографирал или не. Оваа опција е добра за места каде треба да сте тивки и невидливи, на концерт, во црква...

За крај сакам да кажам дека овој апарат е влез на голема врата на Sony на полето на професионалните апарати, и можеби за многу малку не е на ниво на Nikon D5 и Canon EOS-1D X II , но е многу блиску, што би се рекло им дише во врат. Да не заборавиме дека е со најниска цената. Мене ми представуваше задоволство да го тестирам и после кратко време сватив дека не е проблем дали ке фокусирам туку каде сакам точно да фокусирам, дали на знакот на ладилникот, дали на ретровизорот или можеби на возачот внатре. Имаше и промашени фотографии но со 20 во секунда, секогаш имаш најдобра фотографија. А за фотографирање на луѓе многу тешко може да погрешиш. Јас фотографирав и во ЈПГ и во РАВ , добиените резултати се одлични. Кога би можел да бирам овој апарат би го користел за сите моменти каде има акција, и тоа со објективите со отвор на бленда Ф4 , а за пејсажи си останувам на Nikon D850.

Со следниот наследник на Sony А9 , Sony ке ги стигне а можеби и ке биде пред Nikon  и Canon, но ни тие нема да седат со скрстени раце и очекувам на Фото кина годинава да излезат со нештоо ново.

Поздрав до следниот тест.

Орце Поповски

На следниве линкови е целата опрема која ја користев при тестирањето.

http://www.pixplus.com.mk/sony-alpha-a9.html

http://www.pixplus.com.mk/sony-fe-24-70mm-f-2-8-gm-lens.html

http://www.pixplus.com.mk/photography/camera-accessories/flashes-and-slaves/flashes/sony-speedlight-hvl-f60m.html

http://www.pixplus.com.mk/sony-fe-70-200mm-f-4-g-oss-lens.html

http://www.pixplus.com.mk/sigma-mc-11-mount-converter-lens-adapter-sigma-canon-ef-mount-lenses-to-sony-e.html

http://www.pixplus.com.mk/sigma-100-400mm-f-5-6-3-dg-os-hsm-contemporary-lens-for-canon-ef.html

http://www.pixplus.com.mk/sigma-150-600mm-f5-6-3-dg-os-hsm-contemporary-for-canon.html

http://www.pixplus.com.mk/lighting-and-studio/strobe-lighting/power-packs/phottix-indra500-ttl-battery-powered-studio-light.html

http://www.pixplus.com.mk/phottix-odin-ii-ttl-flash-trigger-transmitter-for-sony.html