цел комплет за на пат Nikon D750, Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art, 24-105mm F4 DG HSM Art & Nikon SB-910

Пар за озбилно Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art и 24-105mm F4 DG HSM Art.

Сум приметил нешто во последно време, како поминува времето ранецот со опрема станува се поголем и потежок , а обратно пропорционално на него кичмава ми станува се послаба и поосетлива. Кога дојде тежината до 12,5 килограми плус стативот и сето тоа на мојот грб до водопадот Дуф, решив нешто мора да се менува.

И почна барањето за идеално решение, за среќа има неколку кои ќе ги објавам во друга прилика, во мојот случај како за Nikon D750 кој е апарат со голем сензор (Full frame), најдобар пар за мена излезе дека се Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art и 24-105mm F4 DG HSM Art.

мојата идеална патувачка комбинација

Се решив за објективи со отвор на бленда од F4 кои важат за објектви за секојдневна употреба со кои ке покриете секакви настани од свадби до прес конференции. Но овие објективи се полесни и поефтини , ова не важи за Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art,

Од апаратот Nikon D750 за проба сликавме со ИСО 5000 и ги испечативме фотографиите со димензија од 13х18 см, на фотографиите им требаше само малку зголемување на контрастот и се беше во ред, можеше да се користат без  никаков проблем.

Поради моето експериментирање со долги експозиции, носам статив со мене насекаде каде што одам, затоа знаев дека нема да сликам со толку високи вредности на ИСО-то.

Слободен како птица, Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art

На моите патувања често сликам пејсажи, мотиви во мали тесни сокациавтомобилската внатрешност со шал таблата, да скратам тоа се места за кои ми теба широкоаголен објектив кој не ја деформира сликата  и не ја претвара во око.

Кога се појави Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art и се појавија првите фотографии фотографирани со него во целосна резолуција, веднаш ги симнав за да се уверам во тврдењето дека овој е широк објектив кој нема изобличување на хоризонтот и хоризонталните линии.  

И навистина деформациитте се минимални и само истренирано око може да примети. Веднаш направив порачка преку ПИКС ПЛУС. По пристигнувањто на објективот првиот шок е дека е навистина голем објектив (знам што зборам зашто сум ги имал следниве широки објективи од сигма 10-20 Ф4/5,6, 12-24 Ф4,5/5,6, од Канон 17-40 Ф4, 16-35 Ф2,8 ,Никон 14-24 ф2,8 и Самијанг 8мм), а не е ни лесен има 1,15 КИЛОГРАМИ. Бидејки беше убав денот се прошетавме покрај Вардар и таму ја испробав  Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art

Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art на 12 милиметри

На некои други стани и анализи ке најдете информации дека не бил најоштар, не бил со најбрз фокус, бла ,бла бла. Може да се примети дека оштрината на крајната периферија не е како во другиот дел од кадарот, но не е  ни толку драматично.

Скопски стиропор на 12мм

За да не ве замарам овој дел ке го скокнеме бидејки некои од моите најдраги и наградувани фотографии се направени со Сигма 10-20 Ф4/5,6 и Канон 17-40 Ф4, а за мене најдобар широкоаголен објектив кој е заштитен од временски непогоди како што се дожд и снег е Никон 14-24 ф2,8 , но тој за разлика од Сигмата ја деформира малку сликата на периферијата и не е најпогоден за архитектура, и затоа мора секоја фотографија да ја корегирате софтверски, но ни дожд ни снег не му можат ништо.

параглајдер над Охридско езеро Sigma 24-105mm F4 DG HSM Art на 105мм

На едно патување во Милано носев Сони 6000 со нејзиниот 16-50 и Сигма 10-20 Ф4/5,6 со адаптер (никон/сони) и нормално едно мало стативче од 30 см. Морам да признам дека ми фалеше уште малку зум, и затоа се одлучив вториот партнер во парот за озбилно да го барам во објективите со опсег од 24-105/120 мм. Во озбилни кандидати влегоа Sigma 24-105mm F4 DG HSM Art  и NIKON 24 – 120mm F/4 VR G FX. Главната недоумица беше дали да одам со Сигмата која е со помал опсег но поголема периферна оштрина или да одам со Никонот кој е послаб на периферија но оди до 120мм. Уште еден фактор на кој ми обрна внимание мојот пријател фотографот Владимир Арсовски , а кој мене ми беше битен е тоа што Сигмата прима филтри со дијаметар од 82мм, а Никонот прима филтри со дијаметар од 77мм ,кои важеа за професионален стандард. Доколку немате филтри ова не ви е битно, но јас имам колекција од филтри од 77мм кои воопшто не се ефтини. Веќе бев решен за Никонот кога од Сигма ја промовираа 85мм Ф1,4 АРТ која има филтер од 86 мм , а познавајќи се себеси знаев дека ке земам барем поларизатор за неа, па со адаптер ке можам да ја користам на 82. И бидна Сигма.

галебот Џонатан Ливингстон

За фокусните способности на апаратот и објективот ги сликав галебите во лет на плажата на Стење, може да видите дека има мноооогу малку фотографии кои не се во фокус. И овие фотографии може да ги видите на линкот од фотогалеријата на фејсбук на крај од текстот.

Од кога ја земав таа ми е основен објектив со кој започнува секое фотографирање. Ја користев за фотографирање на автомибилите кандидати за автомобил на годината во Македонија, на неколку свадби и сите други прилики и ФОТО сафарија. Сега кога одам некаде со апаратот во една мала торба ги носам Nikon D750 , Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art , Sigma 24-105mm F4 DG HSM Art ,задолжен за светло е господинот блиц - Nikon 910 и да не ги заборавиме резервните БАТЕРИИ за апаратот и блицот.

За да ви доловам колкав простор е покриен со оваа комбинација мораше да работам и за викенд. Па така бев приморан да одам во нашата летна лабораторија која се наоѓа во Охрид со прв спрат на плажата Љубаништа и втор спрат на Галичица ,таму ги направив следниве фотографии на кои се покриени сите битни зум должини , а се со цел да видите кои се минималните должини на конкурентските широкоаголни објективи.

Sigma 12-24mm F4 DG HSM Art на 12мм, со црвен правоаголник е полето на 105мм

За овој тест го немав Канонот со 11мм широчина, но тој во мојов случај со Никон апарат не е битен. Можам да приметам дека Sigma 12-24 f4 ART на 24мм е пореална од Sigma 24-105 f4 ART на 24мм. На широката фотографија со црвен правоаголник е обележано полето кое се покрива на 105мм.

Sigma 24-105 f4 ART на 105мм, ова е полето од црвениот правоаголник

Другите фотографии од сите најбитни фокусни должини може да ги видите на facebook

Мене како на корисник на Nikon фотографска опрема, тежината ми се намали на 4 килограми со сите тракатанци, а со тоа јас и мојот грб сме многу среќни.

Тетке, тетке Колу пари кило фото-опрема?

За крај само да кажам дека ова е навистина пар за озбилно чија врска ке трае подолго време, пар кој ќе живее барем неколку години во мојата торбица. Пар кој поради нивната силна врска знам дека ке можат да ги пребродат и најтешките фотографски предизвици.

Евентуално може да дојде до прекин на врската ако се појави некој помлад NIKON 24 – 120mm, кој ке има и подолг зум.

Познавам и други полесни парови со кои би биле среќни заедно да патувате,а и би наброил неколку но тоа ке го оставам за друг пат.

Ова се линковите за двата објектива од сигма кои постојат во изведба за Canon, Nikon и Sony како и за другата опрема која е спомната тука.

http://www.pixplus.com.mk/sigma-12-24mm-f-4-dg-hsm-art-lens-for-nikon-f.html

http://www.pixplus.com.mk/sigma-24-105mm-f-4-dg-os-hsm-art-for-nikon.html

http://www.pixplus.com.mk/nikon-d750-body.html

http://www.pixplus.com.mk/photography/lenses/nikkor-af-s-24-120mm-f-4g-ed-vr.html

Поздрав

Орце Поповски

www.popphoto.mk

во соработка со

ПИКС ПЛУС Скопје

www.pixplus.com.mk

ова е линкот до фотогалеријата на фејсбук