Canon EOS 1300D со сите додатоци

На своето место, спремен, ФОТОГРАФИРАЈ Canon EOS 1300D

            Додека преместувавме роба од сервис во дуќан, случајно сум заборавил една кутија со Canon EOS 1300  во автомобилот. Да не ја мислам ја земав дома, и нормално по 5 минути веке ја имав отворено.  

             Веднаш ми падна во очи малата торбица сместена  во кутијата, отварам понатаму, опа мемориска карта од 8Гб, микрофибер крпче за чистење на објективите, диск со софтвер за посериозна  обработка на фотографиите, гаранција,сите кабли  и нормално телото на апаратот Canon EOS 1300 и објективот EF-S 18-55 f3,5-5,6 IS II.  

           На лицево насмевка сама ми се прави, си велам ова некој паметен се ставил на едно место и направил еден убав пакет со кој после неколку минути од отварањето си спремен за фотографирање. Нема заборавена картица, нема бришење  на објективот со маица, или во што да го ставам апаратов во кеса или под јакна. 

         Апаратот е со сензор од 18МР , снима видео со ХД квалитет од 1080р со 30 слики во секунда, фотографира со брзина од 3 фотографии во секунда, а има и конекција за   Wi-Fi  која овозможува поврзување на мобилен  и сликање преку командите од него, а со тоа  и моментално споделување на сликите на социјалните медиуми, има употребливо ИСО од 1600  после што се станува позрнесто на сликата.  

        Мана му е бавното фокусирање преку опцијата “LIVE VIEW”, за разлика од системот на фокусирање преку “Viewfiderot” кој има 9 точки на фокусирање и е одличен и брз.  Екранот на апаратот е фиксен, па за чудни агли на сликање ке  мора да го користите мобилниот телефон. На кратко, апаратот има се што му е потебно на еден фотограф почетник.  Дизајнот на телото не се разликува од било кој друг апарат во таа категорија, што се гледа од приложените фотографии.

Објективот CANON EF-S 18-55 f3,5-5,6 IS II е стандарден за оваа класа на апарати. Од мое лично искуство 90% од ситуациите во кои ке се најдете ке можете да ги покриете.  

          Или на Македонски кажано  и со фотографии покажано.

          Имате доволно ширина на 18 мм да може да го сликате друштвото во некој клуб, на роденден ,во кафеана односно во било која просторија. Од друга страна со 55мм можете да направите и одлични портрети, или да истакнете некој детаљ. Но да  не го заборавиме и МАКРО моментот со кој може да сликате на 25 см од објектот со блиц, што е згодно за сликање храна или накит

           Со  вградениот стабилизатор на слика IS  ке може да добиете поостри фотографии и при помали брзини на фотографирање, односно во ситуации каде  нема доволно светло  и ви треба подолго време за добра фотографија.

Можности за промена на вредностите на сликање

          Главниот адут  на овој апарат е неговата Wi-Fi  конекција. Со помош на апликацијата Canon Camera Connect за android / apple се поврзувате со апаратот, фотографирате  и вашите фотографии се веднаш достапни на вашиот мобилен. За разлика од некои други производители на апарати, во апликацијата на Canon може  да вршите промени на брзината на сликање (сл.2), блендата (сл.3),  вредноста на ISO (сл.4)  но за мене најбитно е дека можете да одберете точка на фокусирање директно на екранот (сл.1 и сл.2)  на мобилниот со што сте добиле поголема флексибилност во фокусирањето.  

            Инсталацијата и поврзувањето се многу едноставни, конекцијата функционира и на поголема оддалеченост, јас ја проверив на 10м, што мислам дека е доволно за било  која ситуација, (доколку сте во јавност некаде,  не се оддалечувајте повеќе од 2 до 3 метри, бидејки може да ви се случи да трчате по апаратот).  Единствена замерка е брзината на фокусирање  која знае да биде подолга, односно  на објективот му е потребно повеќе време за да фокусира  на одбраното место. Фотографиите се лесно прегледни, брзо се префрлаат на мобилниот , потребни се помалку од 2 секунди по фотографија.  Освен фотографирање преку мобилниот, со апликацијата може да ги префрлите и фотографиите кои веќе сте ги направиле со апаратот.                                                            Менито на апаратот е лесно прегледно  и човек лесно се снаоѓа  во него. За да  може да го  извлечете максимумот од овој апарат,  не е лошо да го разгледате упатството за негово користење  или да погледнете некое видео на интернет. Сега за сега има само на англиски, а во иднина може да има и на Македонски.

          Колку за споредба направив и фотографии со мобилниот телефон Samsung S7 Edge  кој до лани важеше за мобилен со најдобра камера. Очигледна  разлика е во посилниот блиц  и неговата повисока местоположба, со што ги елиминира сенките на лепчето на крајната слика, арно ама од Canon  не можеш да се јавиш  нигде. Доколку  ги споредиме и по цена која во моментот на пишување за Samsung S7 Edge е 42.990  денари, а апаратот Canon EOS 1300 со објектив EF-S 18-55  f3,5-5,6 IS II е со цена 26.904 денари, гледаме дека остануваат доволно пари со апаратот да си купиш и солиден мобилен.  

Идеален пакет за секој почетник

Canon EOS 1300D DSLR Camera со 18-55mm DC + 75-300 со цена 29,654.00 денари

http://www.pixplus.com.mk/canon-eos-1300d-dslr-camera-with-18-55mm-dc-75-300-lens.html

Canon EOS 1300D DSLR Camera со 18-55mm Lens +50mm f/1.8 STM со цена 27,154.00 денари

http://www.pixplus.com.mk/canon-eos-1300d-dslr-camera-with-18-55mm-lens-50mm-f-1-8-stm.html

За мене најдобра комбинација би бил првиот пакет со двата објектива 18-55mm DC + 75-300 и малиот но одличен Canon EF 50mm F/1.8 STM, со овој објектив кој има отвор на бленда од f1,8 ке може да сликате одлични портрети и се друго со заматена позадина, неговата цена во моментов е 8,799.00 денати. Мене претходникот на овој објектив ми беше прв објектив и со него имам направено многу драги и добри фотографии, а за некои имам добиено награди на фото конкурси.

http://www.pixplus.com.mk/canon-ef-50mm-f-1-8-stm.html      

Торбиците кои ве следат со овие пакети се одлични и ке ви се најдат кога ке патувате или ке врне, или ке сакате да седнете во кафеана без да се плашите дека некој ке ви истури пијалок на апаратот.

             Доколку имате дома тинејџер / тинејџерка  која виси на мобилен до касни саати, има одлични инстаграм или фејсбук фотографии, овој комплет го гледам  како идеален подарок за него / неа. На овој начин ке го заразите со болеста наречена фотогафија. Доколку има некаква недоумица, само ја изговарате следнава реченица :

– СО ОВОЈ АПАРАТ МОЖЕ ДА ПРАВИШ ОДЛИЧНИ ФОТОГРАФИИ ЗА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ, И ВЕДНАШ КЕ СТАНЕШ ФАЦА ВО ДРУШТВО, А И ПОШИРОКО.

          Ако сакате подобри фотографии и видеа од тие од вашиот мобилен, или сте блогер за храна, изработувате накит, информирате за забава во градот, а сте ограничени со буџет (како секој во Р. Македонија) ова е апаратот за вас.

Поздрав

Орце Поповски http://www.popphoto.mk/

ПИКС ПЛУС Скопје http://www.pixplus.com.mk/